TALENS ART CREATION

Акрилни и маслени бои, гвашни и акварелни бои...

Преземи каталог Download Icon

Акрилни и маслени бои, гвашни и акварелни бои...

Преземи каталог Download Icon

Talens Art Creation е бренд развиен за секој уметник, без разлика на нивото на искуство. Кога сакате да добиете квалитетни уметнички материјали со одлична цена, тогаш сериозно треба да размислите за широкиот асортиман кој го нуди овој сликарски бренд - од акрилни, маслени, акварелни и гвашни бои до пастелни бои, дрвени боици, сликарски четки и други уметнички материјали. 

Маслените бои на Talens Art Creation се за почетници, но и за поискусни сликари. Соодветни се за повеќе техники на сликање со масло, a карактеристично за овие бои е што бавно се сушат, со што се овозможува подолго време за модифицирате и “играње” со веќе нанесената боја. Уште поспецифично е што бојата откако ќе се исуши е идентична со бојата при нанесување, односно бојата не го губи волуменот, a трагите од четката остануваат остри. Буквално нема промена во бојата, па така, крајниот резултат од вашето уметничко дело го знаете веднаш штом ќе завршите со сликање. Боите се интензивни, сенаменски и изработени се од пигменти и растително масло. Може да се користат за креирање на пастуoзни, но и поразредени слоеви.

Акрилните бои на Art Creation се модерни и разновидни акрилни бои со одлична цена. 100% се базирани на акрилна смола, брзо се нанесуваат, кога ќе се исушат добиваат свилен сјај и стануваат водоотпорни. Лесни се за мешање и соодветни се за различни типови на површини.

Акварелот на Talens Art Creation е транспарентна боја која се нанесува разредена со вода. Колку повеќе вода користите, толку бојата станува посветла. Како резултат на тоа, ако работите со многу проѕирни слоеви може да создадете прекрасни ефекти во боја. Акварелите не се водоотпорни кога се сушат, па доколку е потребно, можете да ја преработите бојата користејќи вода.

Гвашните бои од овој бренд се нетранспарентни бои познати по својот интензитет. Многу се пратични за употреба, бојата се суши за само неколку минути и можат да се користат на различни површини, како хартија, картон и дрво.

Дрвените боици на Talens Art Creation имаат одличен сооднос на квалитет vs. цена. Изработени се од високо квалитетни пигменти кои овозможуваат лесно мешање на боите и изработката им е навистина цврста. Опсегот на бои е совршено избалансиран во секој од достапните сетови.

Графитните моливи на Art Creation овозможуваат да ја изразите вашата креативност со многу леснотија. Сетовите содржат моливи со различен степен на цврстина, со што ви овозможуваат да постигнете различни ефекти – од 2H, H, HB и B, па сѐ до 9B. Доаѓаат во ново картонско пакување кое овозможува одлична заштита и може целосно да биде рециклирано.

Погледнете ги останатите брендови

Amsterdam

Акрилни бои, сликарски четки, акрилни медиуми

Pebeo

Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...

Sakura

Pigma Micron, Koi colouring brush pens

Bruynzeel

Дрвени и акварелни боици, текстилни маркери