Акрилни бои, сликарски четки, акрилни медиуми
Акрилни бои, сликарски четки, акрилни медиуми
Amsterdam верува во вас како уметник. Вам ви е потребен само вашиот талент и вашиот слободен дух. Amsterdam ви нуди висококвалитетни акрилни бои и голем број на сликарски алатки кои ќе ви помогнат да ја изразите вашата креативност. Бидете разнобојни!
Amsterdam стандарт серијата е направена од пигменти со висок квалитет и содржи уникатна палета на производи. Amsterdam експертската серија содржи акрилни маркери, спреј во боја и разни други помошни алатки кои ви нудат нови креативни можности и многу добро се вклопуваат едни со други.
Овој бренд е креиран за да ве инспирира и да ги избрише вашите креативни бариери!
Amsterdam aкрилни бои – Со среден вискозитет, доволни јаки за да овозможат текстура и траги од четката, а истовремено рамномерно да покрие со боја поголеми површини.
Amsterdam aкрилен лак – Овозможува цврста и трајна заштита на вашите акрилни слики. Се нанесува откатко бојата ќе биде исушена и доколку го нанесувате со четка направете го тоа во еден слој и една насока. Истиот може да го користите и за маслени слики.
Amsterdam гел медиум - Овој професионалниот гел медиум ви овозможува да го задржите пигментот на акрилната боја на површината на вашето уметничко дело! Мат опцијата ја зголемува густината и обезбедува поголема текстура, истовремено намалувајќи го сјајот, додека пак сјаjната опција и дава сјај на вашата акрилна боја, истовремено овозможувајќи ви да креирате пастуозни површини на вашето уметничко дело. Базирани се на вода, имаат млечно бела боја и можат да се разредуваат со вода, а кога ќе се исушат се транспарентни!
Нова генерација на маслени бои
Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...
Pigma Micron, Koi colouring brush pens
Дрвени и акварелни боици, текстилни маркери