VAN GOGH

Пастелни, маслени и акварелни бои, сликарски четки

Преземи каталог Download Icon

Пастелни, маслени и акварелни бои, сликарски четки

Преземи каталог Download Icon

Kвалитет, тое е единствената опција која ви ја нудиме! 
Користете ги Van Gogh боите и фокусирајте се само на вашиот креативен процес. Со живописните бои на Van Gogh може да насликате се што сте замислиле. 
Бојата е ваш инструмент, инспирацијата ваша насока! 
Изберете ги боите на брендот Van Gogh ако квалитетот е ваша единствена опција.

Четки за сликање - Професионалните четки на Van Gogh се рачно обликувани, произведени со многу внимание и грижа. Ги одбираме кога ни се потребни фантастични резултати од алатката за сликање. Четките за масло, акрил и акварел се достапни во неколку различни форми, димензии и типови на влакна.

Акварелни бои – акварелните бои се висококвалитетни бои создадени за студенти и почетници. Имаат висок степен на отпорност на светлина, и нивниот пигмент е многу фино мелен. Крајниот резултат е боја која истовремено е и светла и енергична и ќе го издржи тестот на времето. Произведени се во Холандија со строга контрола на квалитетот.

Пастелни бои - изработени од чисти пигменти, минерални масла и восок. Може да ги користите на различни типови на површини, како што се хартија, картон и дрво. Поседуваат извонредна мекост што им овозможува лесно ослободување на бојата, а истовремено идеална цврстина за нијансирање. Многу се лесни за користење и не е воопшто тешко да се совладаат техниките. Соодветни се за работа на детали, но и за експресивно сликање.

Маслени бои - Интензивни бои кои се одликуваат со високо ниво на пигментација, постојан степен на сјај и дебелина и висок рејтинг кога е во прашање отпорноста на светлина. Поради тоа што се лесни за употреба и мешање, ги препорачуваме на почетници, но и на студенти во напредни студии и уметници

 

Погледнете ги останатите брендови

Amsterdam

Акрилни бои, сликарски четки, акрилни медиуми

Pebeo

Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...

Van Gogh

Пастелни, маслени и акварелни бои, сликарски четки

Sakura

Pigma Micron, Koi colouring brush pens