COBRA

Нова генерација на маслени бои

Преземи каталог Download Icon

Нова генерација на маслени бои

Преземи каталог Download Icon

Cobra се професионални маслени бои со висококвалитетни пигменти и вискозитет. Специфично за оваа нова генерација на маслени бои е што немате потреба да користите штетни растворувачи, како терпентин, бидејќи единствено нешто што ви е потребно за разредување е вода.

Достапни се 70 различни бои и во Аурис Арт ги имаме двата достапни типа Cobra Artist oil colors и Cobra Study oil colors.

Со цел да биде креирана Cobra Artist серијата користени се исклучиво најдобрите пигменти и масла и врвен процес на производство. Опсегот на бои се состои од 70 транспарентни, полу-транспарентни, непроѕирни и полу-проѕирни бои. Имаат највисок степен на отпорност на светлина (+++) и во музејски услови ќе останат непроменети минимум 100 години.

Cobra Study серијата ги дава истите одлични резултати како и традиционалните маслени бои. Изработени се од истите високо квалитетни пигменти како и кај Cobra Artist серијата, имаат висок степен на отпорност на светлина (+++), а сепак се со достапна цена. Причина за тоа е што во нивниот опсег има помал број на бои (40) и процес на производство кој се разликува во начинот на мелењето од оној на Соbra Artist серијата.

Погледнете ги останатите брендови

Amsterdam

Акрилни бои, сликарски четки, акрилни медиуми

Ecoline

Маркери, акварелни мастила

Cobra

Нова генерација на маслени бои

Sakura

Pigma Micron, Koi colouring brush pens