Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...
Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...
Брендот Pébéo датира уште од далечната 1919, век поминат во создавањето на нивниот докажан квалитет. Pebeo бил хемиска лабораторија и главен снабдувач на суровиот оловен оксид за производство на бои низ цела Европа. Брендот има оставено оставено свој посебен белег кога е во прашање историјата на акрилните бои. Имено, со својот Studio бренд во 1992 година за прв пат го има воведено пластичното пакување на акрилните бои, познатата пластична туба!
Мисијата на Pebeo е да создава и иновира во полето на боите, и да ја направи уметноста достапна за што повеќе луѓе, истовремено промовирајќи го личниот развој и креативноста на секој поединец.
Од брендот Pébéo во Аурис Арт ви нудиме:
Маслени бои – Идеални се за техники на сликање, како што се нанесувањето на полупроѕирни, работа на широки површини до дебели слоеви и глазура. Се мешаат со импасто и разни сликарски медиуми. Живописни се и имаат голема длабочина.
Акрилни бои – Боите се густи и имаат сатенска завршница што е идеална за димензионална работа. Можете да ги користите на платно, метал, дрво, картон. Потребно време за сушење е од 30 минути до 1 час.
Акварелни мастила – Овозможуваат брилијантни и нетранспаренти бои, но за разлика од акварелните бои тие имаат позаситена боја која дава посебен сјај на вашиот цртеж.
Акварелни бои – светли, длабок тон, лесно се мешаат една со друга и имаат транспарентност која останува по сушењето
Маркери за стакло – Најдобар резултат даваат ако се користат на стакло или кристал. Може да се користат и на други површини и да издржат температура од 160 степени целзиусови.
Глина – природна глина која не се пече и сама се стврднува од воздухот.
Непроѕирна смола за обликување – Непроѕирна, лесна за работа, без мирис, цврста. Идеална за креирање накит, подлоги во боја, приврзоци и украсни предмети. Поради нејзината течна структура погодна е да се користи како pouring tehnika во модли. Потребно време за сушење е 24 часа.
Дрвени и акварелни боици, текстилни маркери
Акрилни бои, маслени бои, глина, маркери...
Пастелни, маслени и акварелни бои, сликарски четки
Нова генерација на маслени бои