Се потрудивме во овие црни (Black Friday) денови да ви обезбедиме вистински попусти, кои уште повистински не планираме да ги повториме, барем не во блиска иднина 😊
Токму затоа Black Friday акцијата ќе трае само неколку дена, односно до п̵о̵н̵е̵д̵е̵л̵н̵и̵к̵ ̵2̵8̵.̵1̵1̵.̵2̵0̵2̵2̵ петок 02.12.2022!
Се надеваме дека повеќето од вас ќе се пронајдат во оваа наша селекција:
Pebeo Porcelaine 150 може да се нанесат на речиси секоја површина која е отпорна на топлина, вклучувајќи порцелан, керамика, теракота, садови, метал, и стакло. Откако ќе завршите со вашето дело, оставете го предметот да се суши 24 часа, а потоа, за трајна завршница ставете го во вашата печка околу 35 минути на 150°C. Овие професионални бои базирани на вода одлично се мешаат една со друга и се разредуваат со вода или медиуми. Откако ќе ги испечете, отпорни се на детергенти, растворувачи, машина за перење, и надворешна употреба. Иако не се токсични, не препорачуваме да ги користите на површини кои се во допир со храна.
Pebeo Vitrea 160 се современи термо-стврднувачки бои кои се базирани на вода и не се токсични – бои специјално дизајнирани за употреба на стакло. Може да се аплицираат на стакларија, вазни, лампи, па дури и на целата површина на прозорецот. За разлика од Porcelaine 150, боите на Vitrea 160 нудат повеќе изглед на разнесено или стопено стакло, боите се поизразени и лесно се мешаат.
Ова е еден од оние попусти кои не се пропуштаат и најверојатно никогаш не би ги повториле пак... 🤔
Ултра промо цена:
Pebeo e еден од оние брендови кои имаат оставено белег кога се во прашање акрилните бои. Имено, во 1992 година за прв пат ја имаат воведено познатата пластична туба која претставува вистинска револуција во пакувањето на овој тип на бои.
Токму оваа туба од 100 ml до понеделник 28.11.2022 може да ја набавите на 30% попуст!
Pébéo Studio Acrylics e акрилна боја за секого! Ја препорачуваме на почетници кои сакаат да постигнат професионални резултати без притоа да треба да фрлат цело богатство, но и на професионалци кои работат на поголеми површини.
Боите се богати, светли, и при користење се задржуваат трагите од четката. Можат да се разредат со вода, притоа губејќи ја конзистентноста, или со средства токму за таа намена доколку сакате да се одржи течната конзистентност на акрилот. Пакувањето е супер практично и ги прави лесни за користење.
Овие акрилни бои во составот не содржат тешки метали и не се штетни по животната средина.
Цена со попуст за туба од 100 ml:
Платната за сликање CanvaArs се квалитетни и соодветни за различни техники на сликање, како масло, акрил, гваш и други mixed media формати. Ги имаат следниве карактеристики:
Достапни димензии и промотивни цени:
Talens Art Creation А3 и А4 блоковите хартија се паметно дизајнирани и достапни за најразлични техники, како: акрил, масло, акварел, пастел, скицирање и цртање, или микс хартија за повеќе техники. Ги сакаме затоа што се супер практични, квалитетни и можеме да си ги носиме насекаде со нас.
Доколку си во потрага по квалитетна хартија во боја, за тебе имаме нешто специјално 👉 хартија во топли и ладни бои од Talens!
180 грамската хартија на Talens е со многу висок квалитет, има 50 листа, достапна е во А3 и A4 формат, и содржи 15% памук и 20% рециклирана хартија. Овој производ на Talens e развиен за архитекти и дизајнери, но совршено одговара и за други намени! Хартијата е погодна за молив, графит, акрил, гваш, мастило и soft pastel!
➡️ Toned Paper Mix Warm ги содржи следниве бои на хартија: Desert Brown, Verona Green, Sanguine Red and Cotton White.
➡️ Toned Paper Mix Cold ги содржи следниве бои на хартија: Mystical Blue, Royal Blue, Cotton White and Industrial Grey.
Промотивни цени:
Побрзајте, попустот важи од Black Friday д̶о̶ ̶C̶y̶b̶e̶r̶ ̶M̶o̶n̶d̶a̶y̶,̶ ̶о̶д̶н̶о̶с̶н̶о̶ ̶о̶д̶ ̶2̶5̶-̶2̶8̶.̶1̶1̶.̶2̶0̶2̶2̶❗ Акцијата продолжува до петок - 02.12.2022 ❗
Доколку не сте во можност да не посетите на Теодосиј Гологанов бр. 47, испратете ни ја вашата нарачка на Facebook или Instagram и истата ќе ви ја испратиме до вашата домашна адреса!
Промоции
Акрилни бои
Промоции