Во одделот за сликање со акрил во Аурис Арт ќе забележите дека имаме различни типови на бои, уметнички материјали и производи. Тоа ја потврдува разновидноста на овој тип на боја за сликање и многуте техники кои може да ги испробате со истата. Со фокусирање на одредена техника ќе ви биде полесно да одредите во кои материјали би сакале прво да инвестирате. Потребни ви се само неколку бои и алатки за да започнете. Откако ќе стекнете одредено искуство, ќе ви биде појасно дали ќе сакате да го надополните вашиот сликарски прибор со друг тип на материјал, или пак да работите со акрилна боја на различен вид на површина. Најдобриот начин да ги научите и развиете своите вештини како сликар кој користи акрилни бои е да започнете со сликање. Но, од каде да тргнете? Без разлика дали сте почетник, хобист или поискусен уметник, овој текст може да биде корисен за вас.
Акрилната боја е креирана од расфрлен пигмент во акрилна полимерна емулзија. Акрилните бои се сушат побрзо од маслените бои и за разлика од нив полесно се манипулираат со употреба на широк спектар на медиуми за акрилна техника. За прв пат се креирани во средината на 1930-тите и поседуваат квалитети кои може да се најдат и кај акварелните и маслените бои. Многу уметници и сликари уживаат да користат акрилни бои бидејќи побрзо се сушат од маслените бои, и иако се разредуваат со вода, откако ќе се исушат се водоотпорни, а крајниот резултат може да е исто толку интензивни бои.
Акрилните бои се достапни во повеќе форми од било која друга алатка за ликовна уметност и може да се нанесат на речиси секој тип на површина без претходна подготовка, како хартија, камен, метал, платно, дрво, пластика итн. Препорачуваме да ги употребувате на површини кои имаат степен на апсорпција или текстура, бидејќи така најдобро се прилепуваат. Тубите со акрилна боја се достапни во различни димензии - од многу цврсти и густи бои до разводенети, но интензивно обоени акрилни мастила за воздушни четки. Помеѓу овие две крајности ќе најдете акрилни маркери, акрилни спрејови и течни бои со густина на крем. Секоја од овие форми има соодветни карактеристики за да одговара на начинот и техника на сликање.
Поради приспособливоста на акрилната боја нема строги правила. Со помош на многуте достапни акрилни медиуми, гелови и пасти, можно е да се модифицираат карактеристиките на боите со кои работите, со цел да им се овозможи да се прилагодат на другите техники, и да се обликуваат на вашиот посебен начин на работа. На пример, ако работите на слика која има и делови од импасто, како и некои проѕирни и деликатни глазури, можете да ја измешате густата акрилна боја со течен медиум со цел за да ја зголемите нејзината транспарентност и флуидност. Спротивно на тоа, можете да згуснете течна акрилна боја со паста или гел како би ја користеле за импасто техника, или да ја измешате со акрилна течност со цел да ја претворите вашата боја во глазура. Добрата вест – за која и да било акрилна боја да се одлучите кога ќе започнете нема (многу) да погрешите. Треба само да започнете со сликање бидејќи дури тогаш ќе почнете да откривате кои се вашите преференции во однос на густината и заситеноста на бојата и техниките на сликање. Ова секако ќе придонесе за донесување на поинформирани одлуки при изборот на акрилни бои и алатки.
Акрилното мастило, за разлика од мастилото за цртање, е течна акрилна боја која брзо се суши и се состои од фини пигментни честички кои се отстранети во водена акрилна емулзија. Акрилните мастила се водоотпорни кога ќе се исушат. Најдобрите акрилни мастила, како и сите останати бои, се оние со висока концентрација на пигмент. Бидејќи пигментните честички се толку фини, акрилните мастила нема така лесно да ги затнат воздушните четки или пенкалата како стандардната акрилна боја. Сепак, по употреба секогаш препорачуваме темелно да ги исчистите сите алатки за сликање. Акрилните мастила може да се користат за различни намени, вклучувајќи сликање со воздушна четка, печатење и печатирање, калиграфија, цртање со пенкало и ефекти со акварел. Може да се мешаат со сите видови акрилни бои, без разлика дали се густи или течни, artist или student квалитет. Често се спакувани во шишенца со пипета, и колку ште се сметаат за алатка за сликање, толку се сметаат и за алатка за цртање.
Акрилните спрејови нудат начин на нанесување на многу тенки и рамномерни слоеви боја. Истите ви овозможуваат лесно да ги комбинирате боите. Слоевите се толку тенки што имаат тенденција да се исушат многу брзо. Професионалните акрилни спрејови овозможуваат прскање со низок притисок, па така контролата врз тенки нанесувања на боите е многу поголема. Со овој тип на алатка акрилната боја може да ја нанесете на многу типови на површини, вклучувајќи платно, дрво, бетон, метал, стакло, па дури и флексибилни површини, без притоа бојата да распука.
Акрилниот спреј е многу возбудлива алатка кога ја користите исклучиво само неа, но и во комбинација со друг тип на акрили, како акрилни маркери или стандардни бои. Претставува посебно корисна aлатка кога сликате на шаблони.
После секое користење на спрејот задолжително истиот да го избришете со крпа или марамче, затоа што боите се сушат премногу брзо, па така спрејовите се подложни на затнување.
Акрилниот маркер е маркер кој е базиран на вода и акрилна боја. Иако не сите маркери се базирани на акрилна боја (пр. можат да бидат базирани на маслена и акварелна боја) често се поврзуваат со акрилни слики бидејќи се соодветни при потпишување на готовите уметнички дела или цртање на елемент на акрилна слика. Ова е тип на производ кој нуди многу можности, па така често го користат хобисти, занаетчии и DIY креативци. Може да пишувате или цртате со нив по стакло, пластика, метал, дрво, картон, камен итн. Често имаат сјајна завршница, и се навистина трајни доколку ги нанесете на порозна површина, додека пак ако ги нанесте на површина која не е порозна може да се избришат низ текот на времето.
Оние кои работат со акрил често ги привлекува фактот што акрилната боја може да се манипулира на безброј начини со употреба на медиуми. Акрилните медиуми и гелови се направени со користење на истите врзива од акрилна смола што производителите ги користат при изработката на бојата, на кои се додаваат разни други материјали, вклучително и мермерна прашина, камен и мика.
Во Аурис Арт го имаме достапен Amsterdam гел медиумот – алатка која ви овозможува да ја “пуштите акрилната боја на најјако”! Овој професионален гел медиум ви овозможува да го задржите пигментот на акрилната боја на површината на вашето уметничко дело. Мат опцијата ја зголемува густината и обезбедува поголема текстура, истовремено намалувајќи го сјајот, додека пак сјаjната опција и дава сјај на вашата акрилна боја, истовремено овозможувајќи ви да креирате пастузни површини на вашето уметничко дело. Базирани се на вода, имаат млечно бела боја и можат да се разредуваат со вода, а кога ќе се исушат се транспарентни.
Oвој тип на медиуми ги разредуваат и најгустите акрилни бои. Пример, Amsterdam Glazing Medium-от го зголемува протокот и транспарентноста на боите, притоа намалувајќи го сјајот (мат опцијата), односно зголемувајќи ја нејзината сјајност (gloss верзијата).
Акрилните бои брзо се сушат. Со користење на максимум 5% од Amsterdam Acrylic retarder-от нема да влијаете на густината на бојата и ќе го забавите нејзиното време на сушење.
На светскиот пазар има толку многу други медиуми и гелови за истражување, па ако навистина сакате да креирате уникатни слики, тогаш вреди да ги запознаете нивните можности. Постојат медиуми кои прават бојата да изгледа испукана и застарена, медиуми кои ќе ја направат акрилната боја жилава, песочна, песоклива, бисерна… има акрилни гелови за менување на густината на бојата, зголемување или намалување на трагите на четките, зголемување или намалување на сјајот на бојата итн.. Експериментирајте секогаш кога тоа ви е дозволено, можеби некогаш ќе посакате да измешате и два различни медиума и ќе добиете несекојдневен резултат.
Акрилните лакови нудат заштитна обвивка на вашето уметничко дело, чувајќи го безбедно од прав и површинско оштетување, гребнатини итн. Некои лакови овозможуваат и заштита од UV светлина со што го спречуваат и избледувањето на бојата. Пред лакирањето, препорачуваме да нанесете изолационен слој над вашата слика – мек сјаен гел медиум би бил идеален за ова. Доколку е потребно, истово ќе овозможи во иднина да се отстрани лакот без ризик за оштетување на самата слика. Секогаш погрижете се да го лакирате вашето дело во средина без прашина и нечистотија, и секако, да ја отстраните прашината или нечистотијата од површината на вашата слика пред самото лакирање.
Акрилните (и маслените) четки за сликање традиционално имаат подолга рачка за да му овозможат на сликарот да постигне повеќе движења при сликањето и да креира поизразени траги од четката. Можат да бидат составени од природни и синтетички влакна и достапни во низа текстури – пример со поцврсти и погусти влакна идеални за погестикуларно, импасто сликање, или со помеки влакна посоодветни за тенки апликации на боја, како што се глазури и wash техника.
Aкрилната или маслената четка за сликање обично доаѓаат во filbert, долгa или кратка рамна (или светла четка) и тркалезни форми. Четките за акварел се достапни во повеќе специјализирани форми и можат да се користат и со акрилна боја, но тие имаат пократки рачки, а некои од нив и помеки влакна од стандардната акрилна четка.
Палетните ножеви се навистина корисни за мешање на акрилната боја на палетата, бидејќи четките за сликање лесно ја апсорбираат бојата и може да имате потешкотии да ја вратите бојата назад на палетата! Многу е полесно да се користи мазниот метал на палетниот нож за да ја движите бојата наоколу. Поевтиниот палетен нож вообичаено е потенок, но истово може да биде во корист на уметникот кога истиот го користи како алатка за сликање, поради неговата поголема еластичност. Поскапите палетни ножеви за сликање се изработени од неверојатно цврсто карбонско сечило, па така може да се користат и за стругање на бојата. Сликарската шпатула за боја е алатка со поостро сечило кое ефикасно ги отстранува од подлогата за сликање или палетата исушените слоеви на боја.
Акрилниот прајмер има улога да ја подготви површината, истовремено давајќи и малку текстура и абсорбирачка моќ идеална за користење на акрилни или маслени бои. За разлика од акрилната боја, многу подобро се лепи на површината и овозможува одлична основа за сликање. Постојат 2 различни типа на акрилен прајмер – стандарден акрилен прајмер и gesso. И двата типа се составени од акрилни смоли измешани со пигмент, и поради тоа што содржат заматувачи за да се обезбеди добра покриеност на површината тие се поевтини од акрилната боја.
Прајмерот може да биде транспарентен, бел или во боја. Белата боја на стандардниот прајмер и gesso-то им помага на боите да го задржат својот сјај. Многу сликари кои сликаат со маслени бои денеска користат акрилен прајмер затоа што не бара загревање.
Прајмерот и Gesso-то треба да ги нанесувате на површината во потенки и порамномерни слоеви. Повеќе тенки слоеви наспрема помалку дебели слоеви создаваат супериорна површина на која може да се работи. За оваа намена препорачуваме да употребите широка четка со свински влакна – релативно еластична и мека.
Акрилната боја може да се нанесе на различни типови на површини – од платно до исшмирглан метал. Пред да купувате платно, размислете за што ќе го користите истото, каде ќе сликате, што ќе ви биде практично и што ќе ви помогне да ги постигнете резултатите што ги барате. Погледнете што е достапно на пазарот и направете го вистинскиот избор.
Во Аурис Арт имаме ready-mate платна со различни димензии соодветни за повеќе типови на боја.
Aкрилната хартија е специјално подготвена за да го извлече максимумот од сликањето со акрилни бои и маркери. Оваа удобна подлога е лесна за носење со вас, без разлика дали планирате да сликате надвор на чист воздух или во затворени простории, пример во училница или студио. Акрилната хартија е исто така идеална површина за користење ако сакате да направите неколку нацрти пред да го направите вашето последно сликање на платно. Најчесто формат на истата е А3 или А4.
Максималната отпорност на светлина (Lightfastness). Сјај и длабочина на бојата. Опсег на боите. Време на сушење. Густина.
Доколку сте почетник сликар, или за прв пат се сретнвуате со акрилните бои, и не знаете со кој бренд на акрилни бои да започнете, при вашето пребарување сигурно ќе се сретнете на многу места со фразите наведени погоре.
Lightfastness или оптпорност на светлина претставува количината на отпорност на пигментот додека делото е изложено на светлина. Пигментите можат да бидат органски или од неоргански потекло, од природни извори (ископани од земја) или синтетички (хемиски произведени во фабрика). Сите квалитетни акрилни бои користат пигменти кои имаат многу добар (ASTM II) или одличен (ASTM I) рејтинг кога станува збор за овој фактор. ASTM е интернационално признат систем за рангирање кога е во прашање отпорноста на светлина, и истиот нема многу промени и подобрувања откако е креиран, додека бројот на пигменти кој се користат кај акрилните бои е значително зголемен. Во Велика Британија познат систем за рангирање е British Standard Wool кој е прилично понов систем и разгледува повеќе пигменти како и некои нивни карактеристики кога истите се мешаат со бела боја. Највисока оценка во овој систем е 8, а што пониска оценката, тоа помала отпорноста на светлина на бојата.
Симболите за отпорност кој ги користи Royal Talens за своите бои се следниве:
Отпорноста на светлина, покрај тоа што е карактеристика на самиот пигмент, исто така е под влијание на односот помеѓу пигментот и акрилното средство за врзување. Поскапите професионални акрилни бои имаат поголема концентрација на пигмент и затоа се сметаат за поотрпони на светлина од поевтините бои кои се во студентскиот ранг.
Едно од тврдењата на многу брендови на акрилни бои е сјајот на нивната боја, како и длабочината. Како го постигнуваат тоа и што тоа значи? Брилијантноста на бојата (светлината или чистотата на изгледот на бојата) најдобро се постигнува со употреба на еден пигмент во боја, не преку мешање на боите... боите се способни “да пеат” и да изгледаат живописно, а кога се мешаат со други бои од палетата мешавината која се произведува би можела да изгледа и безживотно. Оттука, многу брендови се горди на бројот на бои со единечни пигменти во своите опсези. Компанијата Daler Rowney во нивната Cryla Acrylic литература пишува – Измешајте што е можно помалку бои / пигменти. Колку повеќе пигменти измешате, толку поголема веројатноста да создадете валкани бои. Обидете се да ги ограничите вашите мешавини главно на 2 бои. Бидете внимателни, некои бои веќе се мешавина од пигменти, па затоа треба по малку да се додава дополнителна боја.
Другиот фактор што ги максимизира сјајот и длабочината на бојата е начинот на кој се мелат пигментите со цел да се постигне најмала можна големина на честички.
Опсегот на акрилни бои ви го прикажува максималниот избор и максималната контрола врз вашата палета. Но, она што е поважно од големината на опсегот е колку единечни пигментни имаат самите бои – ова се боите што ќе ви понудат најголема контрола врз мешањето. Исто така имајте на ум дека нема причина да не ги мешате боите од повеќе различни опсези, а ова е особено добра идеја ако сакате да ги истражите и различните густини и времињата на сушење што се нудат од различни производители на бои. Пример, Amsterdam Standard Series акрилните бои се достапни во 90 различни бои, додека пак акрилните бои на Talens Art Creation се достапни во 38 различни бои.
Ако некогаш прашате сликар со акрилни бои зошто избира да слика со акрилни пред маслени бои, вообичаениот одговор е „на маслените бои им треба премногу време за да се исушат“. Акрилната боја вообичаено има „отворено“ време (времето на сушење на површината) од околу 15-20 минути, но се чини дека многу нови опсези на акрилни бои го имаат зголемено истото на околу 30 минути. Некои производители на акрилни бои гарантираат дека времето на сушење на површината може да биде и 5-10 минути, додека пак други брендови имаат и време на сушење како и маслените бои, но уметниците ги одбираат поради тоа што не сакаат да работат со разредувачи. Но, како што наведовме и претходно, времето на сушење на акрилните бои може да биде зголемено со употреба на акрилни retarders (медиуми за споро сушење).
Овој фактор се разликува меѓу некои од акрилните бои, пример студентските бои имаат тенденција да имаат „средна“ густина, додека пак некои акрилни бои имаат висок вискозитет. Поевтините акрилни бои имаат нерамномерна густина бидејќи содржат погруби пигментни честички кои не се правилно измелени. Но, како што наведовме погоре, може да се влијае на густината на акрилната боја со користење на медиуми, гелови и пасти, што им овоможува на уметниците поголема контрола и можност за мешање на различни типови на акрилни бои.
Artist рангот на бои имаат оптимален сооднос пигмент и средство за врзување. Ова значи дека боите имаат интензивна заситеност и ги прикажуваат карактеристиките на употребените пигменти. Oвие висококвалитетни бои се создадени од најфините и најчисти пигменти и акрилни врзива.
Student рангот на акрилни бои ќе имаат еднаков сјај кога се сушат и секоја боја ќе се однесува на ист начин. За некои тоа значи дека се полесни за работа и одлични доколку сте почетник, додека пак за други е подобро на сам почеток да започнете со најдобрите бои за веднаш да ги осетите различните и динамични резултати во вашата работа. Ниту еден начин на размислување не е погрешен, на вас останува да одлучите.
Во Aурис Арт имаме на располагање различни типови на акрилни бои, акрилни алатки и акрилни сетови од брендовите Amsterdam, Pebeо, Talens Art Creation и др. Посетете нѐ во нашата специјализирана продавница за квалитетни уметнички материјали на Теодосиј Гологанов бр. 47, или контактирајте нѐ онлајн, направете нарачка и ние ќе ги доставиме посакуваните продукти до вашата врата.
Акрилни бои
Акрилни бои
Промоции