Идеален подарок за уметник: Аурис Арт ви препорачува

 

Во нашиот тим ќе најдете сликар, хобист, дизајнер, и секако, љубители на уметноста, креативноста, дизајнот и естетиката. Помеѓу нас често разговараме на темата идеален подарок за секој уметник – уметнички материјали што би сакале да ги подариме или некој нам да ни ги подари. Како за луѓе кои се добро запознаени со асортиманот на производи во Аурис Арт, напишавме текст во кој може да ја прочитате нашата куса листа со препораки за подароци:

Сликање со маслени бои

cobra masleni boi

Cobra water mixable oil paint

Cobra се професионални маслени бои со висококвалитетни пигменти и вискозитет. Специфично за оваа нова генерација на маслени бои е што немате потреба да користите штетни растворувачи, како терпентин, бидејќи единствено нешто што ви е потребно за разредување е вода.

Достапни се 70 различни бои и во Auris Art ги имаме 2-та типа: Cobra Artist oil colours и Cobra Study oil colours! Достапни се во неколку различни сета кои се идеални за подарок.

Земајќи го фактот дека се сметаат за едни од најдобрите маслени бои кои се мешаат со вода, доколку ги изберете за подарок, изненадувањето ви е загарантирано. Навистина пријатно изненадување за некој кој е навикнат да слика со традиционални маслени бои.

 

van gogh masleni boi

Van Gogh Oil colour wooden box Basic


Кога ви е потребно нешто подобро, и сакате да подарите нешто навистина вредно, тука доаѓаат маслените бои на Van Gogh! Интензивни бои кои се одликуваат со високо ниво на пигментација, постојан степен на сјај и дебелина, и висок рејтинг кога е во прашање отпорноста на светлина. Поради тоа што се лесни за употреба и мешање, ги препорачуваме на почетници, но и на студенти во напредни студии и уметници.

Од сетовите кои ги имаме во Auris Art, го издвојуваме Van Gogh Oil colour wooden box Basic сетот. Оваа дрвена кутија е составена од генерална селекција на основни бои: Titanium White (105), Azo Yellow Light (268), Azo Yellow Deep (270), Azo Red Medium (393), Quinacridone Rose (366), Ultramarine (504), Cerulean Blue Phthalo (535), Permanent Green Deep (619), Burnt Umber (409), Ivory Black (701). Во сетот е вклучено и: рамна сликарска четка со синтетички влакна (димензија 10), тркалезна четка за сликање со синтетички влакна (димензија 6), дрвена палета, чашка, крпче за чистење, сликарски медиум и разредувач кој нема мирис.

Овој квалитет спакуван во елегантна дрвена кутија никого нема да остави рамнодушен. 

Сликање со акрилни бои

art creation akrilen set

Art Creation Acrylic colour combiset

Доколку оној/онаа за кој е наменет подарокот е на самиот почеток со своето патување во акрилниот свет, сериозно размислете за овој комбо сет! Сите потребни уметнички материјали за да започнете со сликање се дел овој акрилен ultimate starter pack сет.

Сетот содржи: 12 туби x 12 ml со основни бои, штафелај, растегнато платно со димензија 24 x 30 cm, 2 акрилни четки за сликање и палета.
 
Акрилните бои Talens Art Creation се модерни и разновидни - 100% базирани на акрилна смола. Бојата брзо се нанесува, а кога ќе се исуши добива свилен сјај и станува водоотпорна. Времето на сушење е навистина кратко, многу често и помалку од еден час. Можат да се користат директно од туба или разредени со вода. 

amsterdam akrilni setovi

Amsterdam All Acrylics sets

Amsterdam акрилните сетови се идеални кога не сте сигурни што да одберете, а истовремено не сакате да погрешите. Подарок со кој пријатното изненадување ви е загарантирано!

Amsterdam е бренд кој верува во вашиот талент и слободен дух! Ве цени како уметник и ве инспирира да бидете храбри и многубојни. Ви ја нуди најшироката палета на високо квалитетни акрилни бои и ги поместува вашите креативни граници!

Во Аурис Арт имаме повеќе различни типови на сетови од стандардната серија на Amsterdam акрилните бои, па така, изборот може да го ориентирате согласно вашиот буџет.

Сликање со акварелни бои

van gogh pocket box set

Van Gogh Pocket box сетови

Еден од најсимпатичните акварелни сетови во Auris Art. Џебен сет во права смисла на зборот. Производ создаден да креира задоволство! Сетот содржи 12 бои, тркалезна синтетичка четка за сликање, и сад за мешање на боите – сѐ што е потребно на еден уметник да создаде ремек дело. 

Акварелните бои на Van Gogh се висококвалитетни бои, рангирани во класата на уметнички и студентски бои. Брилијантни, транспарентни и интензивни бои со неверојатни нијанси. Најголем дел од боите се оценети со +++ кога е во прашање избледувањето (преку 100 години во музејски услови). Лесно се мешаат, многу се лесни за работа, а уште полесни за транспорт. 

Vibrant Colours, Muted Colours, Shades of Nature, Pink & Violets или Мetallic and Interference сет, м?

ecoline brush pen set 10

Ecoline Brush pen сет од 10 бои

Кул подарок, за уште покул креативец! Ecoline е суперзабавна и повеќенаменска алатка која може да израдува различни типови на уметници... од сликари и илустратори до модни дизајнери и калиграфи. 

Тип на производ кој се држи како маркер, а слика како четка! Со него можете да цртате тенки и прецизни до јаки и енергични линии, како и да боите цели површини. Доколку со четка нанесете вода, боите се раствораат и може да се тонираат. Боите не се водоотпорни откако ќе се исушат, па така можете да продолжите да работите на вашето дело откако ќе го натопите.

Премногу се забавни – вистински подарок за секој креативец!

Цртање

pigma micron fineliners set

Pigma Micron fineliner сет (6 + 1 Pigma Brush)

Не случајно го одбравме овој сет од многуте Pigma Micron сетови кои ги имаме во Аурис Арт, затоа што истиот содржи селекција од најпопуларните црни Pigma Micron пенкала, плус еден бесплатен Pigma Brush pen. Конкретни димензии: Pigma Micron 005 (0.2 mm), 1 Pigma Micron 01 (0.25 mm), 1 Pigma Micron 02 (0.30 mm), 1 Pigma Micron 03 (0.35 mm), 1 Pigma Micron 05 (0.45 mm), 1 Pigma Micron 08 (0.50 mm) and 1 Pigma Brush pen.

Pigma Micron се водоотпорни и перманентни фајнлајнери идеални за креирање како на технички, така и на артистички цртежи. Често се користат од страна на дизајнери, научници, илустратори, архивари и друг тип на артисти. Без разлика на нивото на подготвеност, ги препорачуваме за подарок како за поискусни уметници, така и за почетници и хобисти, но и за оние кои сакаат да користат кул пенкала за секојдневни потреби.

koi coloring brush pen manga set

Koi Coloring Brush Pen сет [Уникатна манга колекција]

Доколку подарокот е наменет за некој кој креира стрипови или илустрации овој сет е вистински погодок! 

Со Sakura Koi Coloring Brush Pens e многу практично да додадете живописни бои на вашиот стрип или манга цртеж. Со промена на притисокот на перото, лесно може да создадете ефект на благи, средни или смели траги од четка. Боите лесно се мешаат една со друга креирајќи мноштво нијанси и ефекти. Вкупно има 48 Sakura Koi Coloring Brush Pens бои, а во овој манга сет содржани се следниве броеви од палетата: 7, 9, 110, 205, 222, 407. 

Уникатната Manga колекција на SAKURA содржи сѐ она што е потребно да станете Manga-pro уметник! Без разлика дали подарокот е почетник или next level уметник, оваа колекција на SAKURA сигурно ќе му помогне да стане уште подобар во занаетот!

Во овој текст опфатиме само мал дел од нашиот асортиман на производи кои сметаме дека би можеле да предизвикаат вистинска среќа кај секој уметник, сликар, дизајнер или било кој друг креативец. Посетете нѐ во нашата специјализирана продавница, погледнете ги останатите производи и кул сетови кои ги имаме, и добијте вистинска инспирација за вашиот следен подарок... а можеби ќе си пронајдете нешто и за вас 😉

ПОСТИРАНО ВО Подароци
4/13/2022
ОД Аурис Арт

СПОДЕЛИ

Би можело
да ве интересира