Познавањето на различните форми на четки и видови влакна може да ви помогне да ја донесете вистинската одлука кога инвестирате во нова четка за сликање. Во овој текст, ќе се осврнеме на различните форми на сликарските четки, нивната употреба, неколку совети и трикови кои може да ги испробате самите и зошто е важно да користите квалитетни четки за сликање. Крајната цел е да завшрите во рака со алатка со која со задоволство ќе сакате да работите на вашето уметничко дело.
Познавањето на алатките е одлична основа за да создадете вистинско ремек дело, но најважно е да ги пронајдете формите и типовите на сликарски четки кои се најсоодветни лично за вас. Секој сликар има омилена четка, и често се случува да ја користи за техники и стилови кои се сосема различни од она за што е дизајнирана четката. Изборот на добра четка ќе ви трае долго време ако правилно се грижите за неа. Оттука, одвојте дел од вашето драгоцено време, прочитајте го овој текст и откријте која сликарска четка би била најефективна за вашата работа.
Четките со тркалезни форми се едни од најчесто користените во сликарството. Достапни се во најразлични големини и типови на влакна (влакна од свиња, самур, пони итн., како и синтетички верзии на истите) и претставуваат разновидна алатка за секој сликар, илустратор или дизајнер кој нанесува боја на разллични типови на површини.
Тркалезни четки се достапни со тапи и со зашилени врвови. Тркалезната четка со зашилен врв е посебно корисна за работа на детали, како и креирање на линии со различни тежини во зависност од притисокот со кој се нанесува бојата, додека пак тркалезните четки со тап врв кога се користат под страничен агол (scribbling техника) се одлични за пополнување на површини со боја, притоа креирајќи текстура и “гребнатини” по површината.
Друг тип на четка која може да најде најразлични примени е рамната сликарска четка. Поголема димензија на рамна четка за сликање може да биде идеална за wash техника. За акрилна или акварелна боја овие четки се често подебели со цел да апсорбираат поголемо количество на боја. Доколку се навлажнат пред да се земе бојата, тенките слоеви од пигментот можат да се нанесат брзо на површината. Wash четките најчесто имаат рамна странична ивица, што им овоможува да креираат контролирани потези со цврсиот раб при користење на непроѕирни бои.
Помалите рамни четки ја користат подолгата должина на влакната за непречено и рамномерно да ја аплицираат бојата, постигнувајќи рамни ивици. Тие се исто така одлични за создавање долги, урамнотежени потези што овозможуваат чувство на “gestural painting”. Кога се користи со квалитетни маслени или акрилни бои, ова може да биде корисна алатка за истакнување на богатата боја на пигментот. Во зависност од тежината, рамните четки можат да создадат цврсти линии со различна дебелина.
Светлите сликарски четки се уште еден пример на четки со рамни влакна, но со некои свои специфични карактеристики. Поради пократката должина на влакната, светлите четки создаваат поголем отпор со површината што ги прави идеални за нанесување кратки и силни текстури на боја. Колку ќе бидат крути влакната зависи од самата четка, но светлите четки генерално ќе бидат една од поцврстите четки во вашиот арсенал – идеални за создавање текстури со тврди рабови со тежок пигмент.
Filbert типот на четка за сликање е некаде помеѓу рамно и кружно, со долги влакна и рамен врв. Клучната разлика помеѓу Filbert и рамната четка е во нејзините заоблени рабови, што и овозможува да создаде различни траги со помекиот раб. Омилениот дел на фигуративните сликари – filbert четките им овозможуваат да создадат различни шари врз основа на односот помеѓу нивната рака и четка. Предност на filbert четката за сликање е што може да создаде рамни површини со боја без да остави никакви посебни траги од четката. Доколку пак се користи со сув пигмент на врвот, можно е да се постигнат текстури со гребнатини и заматени рабови помеѓу површините со боја. Иако ова важи за многу различни форми на четки, уникатниот распоред на влакната кај filbert четките за сликање помага да се одржи експресивно и сликарско чувство на површината на која се работи.
Filbert четките имаат различни должини и типови на влакна, што значи дека различниот тип на влакно ќе придонесе за различни резултати. Во зависност од дебелината на пигментот и аголот под кој се држи четката, овој тип на четки за сликање се корисни за креирање на различни ефекти и текстури.
Mottler, или познати и како Varnish, се сликарски четки кои најмногу наликуваат на типична молерска четка. Достапни се со синтетички или органски влакна, и имаат различни намени во текот на процесот на сликање. Мотлерите можат да бидат корисни при подготовка на површина. Па така, поради нивната способност да држат големи количини пигмент погодни се за прајминг. Исто така, овој тип на четка за сликање може да биде корисна кога е потребно да се нанесе лак на поголема површина, under-painting, или едноставно кога е потребно да биде покриена поголема површина со боја.
Тенките (или Liner) четки за сликање наликуваат на тркалезните четки, но изгледот им е пофин и имаат подолги влакна. Подолгото влакно и овозможува на четката да апсорбира повеќе пигмент и можност да креира долги и течни линии. Без разлика дали сликате со масло, акрил или акварел, тенките сликарски четки се идеални за работа на детали и додавање на динамика на вашето дело. Уште една типична намена на тенките четки е за lettering. Овој тип на сликарска четка е достапна во различни димензии и од голема помош кога треба да се додадат фини детали, текст или да се нагласи одреден елемент.
MOP сликарските четки имаат меки влакна со заоблена глава, и најчесто се поврзани со сликање со акварелни бои, но може да бидат корисни и за други различни типови на бои. Кога се користат со акварел, тие се ефикасна форма на четка за покривање на големи површини со тенок слој на боја, познато како wash техника. MOP четките се исто така корисни за мешање на маслените бои, за омекнување на рабовите и помагање на делови од сликата поприродно да се спојат заедно, пр. различни нијанси на облаци на небото.
Друга употреба на MOP четката е при глејзинг, токму поради нејзините меки влакна и заоблен врв. Па така, додека ја нанесувате вашата глазура нема да завршите со грозни траги од четката или тврди рабови. Кога се користат суви, исто така можат да бидат многу ефективни и да не го оштетат материјалот. Пример при преносот на вода или работа на mixed media уметнички дела.
Аголните професионални четки наоѓаат најразлична примена во едно сликарско студио, иако понекогаш овој тип на четка знае да се занемари кога се купува целиот комплет на сликарски четки. Но, нивното вклучување е и корисно, па дури и неопходно.
Нивната форма овозможува брзи транзиции помеѓу тенки и дебели линии, што ги прави оптимален избор на уметниците кои сликаат природни пејсажи или друг органски материјал. Без разлика дали сакате да создадете движење во тревата преку подвиткување на четката под агол, да блокирате област со боја или да создадете текстура, косата четка може да ви биде од голема корист.
Аголната четка овозможува поголемо чувство на контрола при работа на исправена површина, како и удобност при работа на детали или текст кога се користи финиот крај на четката.
Dagger типот на сликарски четки се обликувани како filbert четките, но разликата е што половина од влакната на четката недостасуваат под агол. Тие се особено корисни за создавање форми на солза, движејќи се од широк заоблен раб до фина точка.
Тие често се користат во ботаничкото сликарство, помагајќи да се создадат поприродни форми во цвеќињата и лисјата. На овој тип на четка може да ставите повеќе бои истовремено, да ја влечете низ површината и да создадете експресивни форми... особено корисни во обидот да доловите чувство на движење во мртва природа. Нивната форма е одлична и за абстрактна работа користејќи повеќе бои. Уникатноста на формата значи дека може да “натоварите” повеќе пигменти на различни делови од четката и со едно повлекување на истата да направите магична линија.
Dagger Striper сликарските четки во суштина ја имаат истата форма, освен што имаат подефиниран агол на сечење на влакната. Овие четки, како и што сугерира самото име, се одлични кога е потребно да насликате линии или ленти.
Четката за сликање лепеза има меки влакна, и како како што е наведено и во самото нејзино име, има облик на лепеза. Влакната кај оваа четка за сликање се генерално потенки, без многу слоеви за да се избегне собирање на премногу боја, правејќи го овој тип на четка корисна за мешање на бојата која е веќе на површината – како што се областите каде што ви е потребен заматен ефект или суптилен градиент.
Лепезата е многу повеќе од четка за мешање. Преку нанесување на тенок и сув пигмент, нивните тенки влакна се совршени за создавање на природен изглед во потемните области на вашето дело.
Овој тип на професионални сликарски четки се употребуваат и за додавање текстура. Обликот лепеза дозволува бојата да се нанесе на површината на многу различни начини кои се надвор од стандардните потези на останатите сликарски четки. Поради широкиот распоред на влакната нанесувањето пигмент во различни движења со четка лепеза може да биде ефективен начин за создавање чувство на длабочина или движење кај mixed media уметнички дела. Лепезата кај овој тип на четки е исто така корисна за создавање на ефект на плискање или прскање – кога бојата се нанесува на површината со тапкање на четката.
Четките Stippler имаат кратки, заоблени глави и достапни се во различни густини во зависност од влакната кои се користени при изработка на четката. Пример доколку четката е изработена од свински влакна истата ќе биде поотпорна, додека пак полесните влакна ќе овозможат врвот на четката повеќе да се вентилира при нанесување на боја.
Често се користат за сликање на зеленило или крзно, а најмногу се поврзуваат со создавање текстура.
Поради нивната умешност во креирањето на текстура, stippler четките можат да бидат корисна алатка за изработка на апстрактни слики. Во зависност од цврстината на типот на влакна што ќе го изберете, вашата четка ќе произведува различни текстури – за истово подеднакво се важни и тежината на вашата рака, аголот и движењето на четката. Ова ја прави stippler четката забавна четка за експериментирање и истражување на различните текстури што можете да ги постигнете со неа.
Ако некогаш сте ја зграпчиле најевтината четка за сликање, тргајќи од “фактот” дека сите се исти, разочарувачките резултати се речиси неизбежни. Прочитајте зошто е важно четката која ќе ја одберете да биде квалитетна:
Четката за сликање е вашето магично стапче за нанесување на боите по платното или било која друга површина. Како повеќе ги користите, така тие ќе стануваат вашата омилена алатка! Што почесто сликате, така најбрзо ќе научите како истите се справуваат со бојата и кои сѐ резултати може да ги постигнете со помош на нив. За многу кратко време четката за сликање ќе стане дел од вас, алатка со која интуитивно ќе знаете како да маневрирате.
Пример, ако штотуку почнувате да сликате со акрилни бои, огромниот избор на четки за сликање може да биде навистина збунувачки за вас и да ви предизвика вртоглавица. Но, не грижете се, тимот на Аурис Арт е тука за вас!
Во Аурис Арт ги имаме на располагање широк асортиман на професионални сликарски четки, како и четки за почетници. Во нашата специјализирана продавница може да најдете четки за сликање од брендовите Amsterdam, Van Gogh, Talens Art Creation, како и неколку други брендови. Нашиот љубезен тим ви стои секогаш на располагање при изборот на вашата нова сликарска четка или било кој друг уметнички прибор. Посетете го нашето шарено катче на Теодосиј Гологанов бр. 47 во Скопје, или контактирајте нѐ онлајн преку нашата веб страна, Facebook или Instagram профил, и ќе се потрудиме да ви дадеме одговор на сите ваши прашања. Дополнително, вршиме и достава на сите нарачки до вашата адреса низ целата држава.
Сликарски четки
Сликарски четки
Промоции